Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2012

Бонучи и Матри ги продолжија договорите

Од Јувентус денеска објавија дека ги продолжиле договорите со двајца свои првотимци, се работи за напаѓачот Алесандро Матри и за дефанзивниот играч Леонардо Бонучи.

Двајцата фудбалери се редовни членови на првиот тим откако местото тренер го презеде Антонио Конте, а според новите договори, тие се обврзуваат да останат во редовите на „старата дама“ до 2017 година.
Пред две седмици договор со „црно-белите“ продолжи и левиот бек, дваесет и петгодишниот Паоло де Челје.
Бонучи во Јувентус дојде во 2010 година од Бари, додека, пак, Матри дојде половина година подоцна од Калјари.

Најнови вести