Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2015

Керик во аут четири седмици

Фудбалерот од средината на теренот на Манчестер јунајтед, Мајкл Керик, ќе паузира четири седмици поради повреда на мускул, соопшти менаџерот на тимот од „Олд Трафорд“, Луис ван Хал.

Керик ја обновил повредата на задната ложа која ја здоби на 2. ноември во поразот од градскиот ривал Манчестер сити.
„Ешли Јанг се враќа, повреден е само Керик. Нема да можеме да сметаме на него за викендот. Мислам дека ќе мора да паузира повеќе од четири седмици, повредата не е наивна, има напукнување на мускулот“, изјави Ван Хал на конференцијата за медиуми.
Холандскиот стручњак додаде дека Дарен Флечер е на пат да го напушти Манчестер јунајтед и да прејде во Вест хем.
„Флечер е заменик на капитенот и тој е важен играч во соблекувалната. Ми се допаѓа неговиот карактер, сигурно ќе ни недостига. Меѓутоа, не играше во последно време, а тоа е главна цел за секој фудбалер. Разговаравме за тоа и тој сака да игра“, додаде Ван Хал.
Манчестер јунајтед во моментов е на четвртото место во Премиер лигата со 40 бодови, 12 помалку од лидерот Челзи, а денеска го пречекува Лестер во рамките на 23-тото коло.

Најнови вести