Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2013

Уругваецот Чевантон го засили Квинс парк ренџерс

Англискиот второлигаш Квинс парк ренџерс потпиша договор со 33-годишниот ветеран Хавиер Чевантон.

Искусниот напаѓач беше слободен играч откако на крајот на минатата сезона му истече договорот со Лече. Со Квинс парк ренџерс засега потпиша само тримесечен договор, а не е исклучено соработката да продолжи доколку двете страни бидат задоволни.
Чевантон дури во три наврати играше за Лече, а во Европа беше член на Монако, Севилја и Аталанта. За уругвајската репрезентација одигра 22 натпревари и постигна седум погодоци.

Најнови вести