Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2016

Сандерленд го позајми Флечер на Марсеј

Напаѓачот на Сандерленд Стивен Флечер ќе игра до крајот на сезоната како позајмен играч во Марсеј.

Дваесет и осум годишниот Флечер на „Стадионот на светлината“ пристигна во 2012 година од Вулверхемптон, но во последно време менаџерот Сем Алардајс не му даваше многу шанси.
Токму Алардајс беше тој што го даде зеленото светло за трансферот на Флечер, а за фудбалерот од Шкотска интерес покажаа Селтик и неколку кинески клубови.
Флечер има договор со Сандерленд до крајот на сезоната, што значи дека веќе го одигра својот последен натпревар за тој клуб.
Во дресот на Сандерленд Флечер настапи на 102 натпревари  и постигна 23 голови, од тоа четири оваа сезона.

Најнови вести