03.8.2013 Маури суспендиран на шест месеци
Капитенот на Лацио, Стефано Маури, суспендиран на шест месеци поради вмешаност во скандал со наместени натпревари, одлучи италијанската фудбалска федерација.
Маури е еден од осмината фудбалери кои беа обвинети дека ги местеле натпреварите од Серија А помеѓу Лече и Лацио, во мај 2011 год.
Маури е прогласен за виновен за својата улога во местењето на мечот против Лече, но е ослободен од обвиненијата дека имал било каков удел во местењето на натпреварот против Џенова.
Обвинителот Стефано Палаци побара на Маури да му се изрече суспензија во траење од четири и половина години, како и одземање на шест бодови на Лацио, а по три на Џенова и Лече.
Сепак, Италијанската фудбалска федерација го казни Лацио само парично – со 40.000 евра, а Лече со 20.000 евра, додека Џенова е ослободена од обвиненијата.
Алесандро Замперини, кој веќе е казнет со петгодишна суспензија, доби уште две години казна.