Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2012

УЕФА истражува сомнителен натпревар во Лигата на Европа

Реваншот од второто квалификациско коло во Лигата на Европа во кој норвешкиот Алесунд со 5-0 ја победи Тирана од Албанија е под истрага на УЕФА заради големиот број на уплати во норвешките обложувалници токму на тој резултат.

Првиот натпревар во Албанија заврши 1-1, а во реваншот фудбалерите на Алесунд со високи 5-0 изборија пласман во третото квалификациско коло. По мечот, норвешката национална лотарија „Норск Типинг“ ги известила надлежните тела на УЕФА како пред натпреварот примиле изненадувачки многу уплати на точен резултат 5-0 за домашниот тим.
„Нашиот систем за надзор го издвои овој натпревар заради сомнителните обложувања кои беа направени пред мечот“, стои во краткото соопштение на УЕФА за овој случај.

Најнови вести