Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2012

Виченца вратена во Серија Б на два дена пред стартот на Лигата

Италијанската фудбалска федерација потврди вчера дека Виченца ќе се врати во Серија Б од која испаднаа пролетва по баражот со Емполи.

Ова е последица на одлуката за исфрлање на Лече во Третата лига која во средата ја потврди и Сојузниот суд во Рим. Лече е казнет поради својата вмешаност во скандалот со местење натпревари и за само неколку месеци, од Серија А, во која играше минатата сезона, се најде во третата италијанска лига, во која ќе игра следната сезона.
На крајот најмногу профитираше Виченца која е вратена во второлигашкото друштво и веќе во сабота го очекува првиот натпревар во Серија Б.
Гросето, кој со првобитната одлука беше исфрлен во третолигашкиот ранг на натпреварување, вратен е во Серија Б, а првенството ќе го почне со минус шест бодови.

Најнови вести