Корисничко име Лозинка Пријави се
27.11.2012

Српски фудбалер уапсен во Италија поради местење натпревари

Алмир Гегиќ наводно бил врска меѓу криминалната мрежа во Азија и италијанските фудбалери.

Српскиот фудбалер Алмир Гегиќ, по кого се трага од јуни минатата година поради наводна вмешаност во местење резултати на натпревари, уапсен е во Италија, соопшти тамошната полиција. По повеќе од една година бегање, Гегиќ се предаде сам, полицијата денес прикажа снимка од неговото доаѓање на аеродромот „Малпенса“ кај Милано. Снимката е направена вчера.
Гегиќ е спроведен во затвор во Кремона, каде што се наоѓа седиштето на истрагата во врска со местењето фудбалски натпревари.
Досега во врска со овој случај уапсени се повеќе од 50 луѓе, а уште стотина се под истрага.
Гегиќ наводно бил врската меѓу базата на криминалната мрежа во Азија и италијанските фудбалери.
Овој фудбалер играше за италијанскиот клуб Виченца од 1998 до 2000 година, а, исто така, беше и во неколку турски клубови.
Последниот ангажман му беше во швајцарскиот клуб Киасо од 2007 до 2011 година.

Најнови вести