Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Бонучи и Игуаин го комплетираа италијанскиот „дрим-тим“ со хет-трик

Трансферите на Леонардо Бонучи од Милан во Јувентус и на Гонзало Игуаин во спротивен правец од Јувентус во Милан го комплетираа идеалниот тим од 10 фудбалери што играле најмалку за три италијански гиганти. Недостасува уште голман за комплетен идеален тим

Бонучи се врати во Јувентус по само една сезона мината во Милан, а претходно има играно и за Интер. Игуаин беше вишок во Јувентус по доаѓањето на Кристијано Роналдо во редовите на „Старата дама“, па се пресели во Милан, откако претходно го носеше и дресот на Наполи.
Со хет-трик настапи за најмалку три различни клубови, што го имаат епитетот на гиганти на италијанскиот фудбал се уште осуммина фудбалери.
Меѓу нив се Фабио Канаваро со настапи за Наполи, Интер и Јувентус, Андреа Пирло кој играше за Интер, Милан и Јувентус, Кристијан Виери со настапи за Јуве, Интер и Милан, а идентична комбинација имаат и Роберто Баџо, Едгар Давидс, Патрик Виеира и Златан Ибрахимовиќ. Антонио Касано го комплетира тимот со настапи и голови за Рома, Милан и Интер.

 

Најнови вести