Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2012

Суспензија од десет месеци за Антонио Конте

Фудбалската федерација на Италија му изрече десет месечна суспензија на тренерот на јувентус, Антонио Конте.

Причината за оваа казна е тоа што Конте не ги информирал надлежните органи за местење на натпревари во сезоната 2010/11.
За разлика од него, играчите на Јувентус, Леонардо Бонучи и Симоне Пепе се ослободени од обвиненијата за учество во оваа афера. И двајцата беа под истрага за натпреварите кои ги играле во дресовите на Бари (Бонучи) и Удинезе (Пепе).
Конте во сезоната 2010/11 ја водеше екипата на Сиена во Серија Б, а минатата сезона го презема Јувентус со кого ја освои титулата во Италија без ниеден пораз.
Конте нема да смее да го води Јувентус на официјалните натпревари до јуни 2013 година, но ќе може нормално да ги тренира своите фудбалери на тренинзите. Помошниот тренер на „старата дама“, Анџело Алеси, доби осум месеци суспензија.
Лече и Гросето се исфрлени од Серија Б во Третата италијанска лига. Лече е казнет и со 30.000 евра и со одземени шест бодови на стартот на сезоната, а на Гросету му се одземени три бода.
Обвинителот на Фудбалската федерација на Италија соопшти дека меѓународна мрежа на обложувалници им плаќала на некои фудбалери да влијаат на резултатите на неколку натпревари во Серија А и Серија Б.

Најнови вести