28.8.2013 Фенербахче исфрлен од европските купови
Турскиот фудбалски клуб Фенербахче е исфрлен од европските натпреварувања во оваа сезона поради вмешаност во местење натпревари, соопшти Судот за арбитража во спортот.
Судот ја одби жалбата на Фенербахче на одлуката на Европската фудбалска унија за суспензија на овој клуб на две години.
Клубот нема да може да игра во групната фаза на Лигата на Европа, бидејќи на тоа стекна право по поразот во двомечот со Арсенал во баражот за Лигата на шампионите.
УЕФА му дозволи на Фенербахче да се натпреварува оваа сезона сè додека Судот за арбитража во спортот не донесе пресуда.
Утврдено е дека Фенербахче местел резултати на натпревари во сезоната 2010/11, што на крајот му помогнало да ја освои титулата во турскиот шампионат.