Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2013

Унгарците и Бугарите сепак без публика

Светската фудбалска федерација ги отфрли жалбите на Унгарија и Бугарија, па двете репрезентации на квалификациските натпревари за Светското првенство ќе играат пред празни трибини.

Двата Национални сојузи се казнети поради антисемитско и расистичко однесување на нивните навивачи, Унгарците ги навредуваа Израелците, а Бугарите црномурниот играч на Данска.
ФИФА ја казни Унгарија со 40.000, а Бугарија со 35.000 швајцарски франци. Двата Сојузи може да поднесат жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана.
Навивачите на Унгарија го навредуваа израелскиот тим во текот на пријателскиот натпревар во август минатата година во Будимпешта, поради што на 22-ри март против Романија ќе играат без присуство на публика.
Бугарските навивачи во октомври мината година во Софија испуштаа мајмунски звуци упатени кон Патрик Мтилига, фудбалерот на Нордсјиланд и на репрезентацијата на Данска, така што дома против Малта ќе играат пред празни трибини.

Најнови вести