Корисничко име Лозинка Пријави се
11.12.2012

Поради студеното време одложени натпреварите во Романија

Романската професионална фудбалска лига ги одложи сите прволигашки натпревари закажани за претстојниот викенд поради ладното време, денес соопшти претседателот на Романската лига, Думитру Драгомир.

Оваа одлука ја донесе Комитетот за итни случаи на барање на 12-те клубови. Новите термини за одржување на натпреварите, кои првобитно беа закажани за периодот од 14-ти до 17-ти декември, ќе бидат дополнително одредени.
Стеауа вчера, во потрага за првата титула од 2006 година, ја совлада второпласираната Астра Плоешти со 2-1, зацврстувајќи се на првото место, со предност од десет бодови.
Одложени се и првите полуфинални натпревари на Романскиот куп закажани за утре. Поради лошото време постои можност да се одложат средбите и во Купот на Бугарија наредниот викенд, а ЦСКА Софија веќе побарала одложување на натпреварот со Етар поради опасните услови за игра.

Најнови вести