Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2016

Франција успешна на стартот со Романија

Фудбалерите на Франција го отворија Европското првенство на домашен терен со победа против селекцијата на Романија во Париз со резултат од 2-1.

Дуелот на „Сен Дени“ го одбележа одличната игра на Романците во поголемиот дел од натпреварот, но и фантастичниот гол на Димитри Пеје две минути пред крајот со кој Франција ја оствари победата. Претходно домаќинот поведе со голот на Жиру, а изедначи Станку со пенал.
Натпреварот започна со голема шанса за Романија во 4-тата минута, но Уго Лорис успеа да одбрани.
Франција многу брзо закрепна од лошиот старт, но повторно пропушти голема шанса во 14-тата минута со Гриезман кој прво ја промаши топката а потоа со глава од два метри погоди статива.
Во првото полувреме последната шанса исто така ја имаше Гриезман во 36-тата минута, но сепак првото полувреме заврши со 0-0.
На самиот старт на второто полувреме фудбалерите на Романија се заканија неколку пати но во 57-та минута погодокот на Жиру им го донесе водството на домаќините, а седум минути подоцна Романците преку Станку дојдоа до изедначување.
Делуваше дека натпреварот ќе заврши со реми резултат но на две минути пред крајот Димитри Пеје со одличен удар на левата нога ја затресе мрежата на гостите и така и ги донесе првите три бодови на Франција.

Најнови вести