16.2.2012 Бугарија го одложи почетокот на првенството
Фудбалската федерација на Бугарија соопшти дека вториот дел од националниот шампионат ќе биде одложен за речиси еден месец поради обилните врнежи од снег и многу студеното време.
Вториот дел требаше да почне на 24-ти февруари, но натпреварите од продолжението на шампионатот ќе се играат дури од 20-ти март, кога се очекува температурите да бидат во нормала.
По петнаесет одиграни првенствени кола на табелата во водство се Лудогорец и ЦСКА Софија, коишто имаат по триесет и шест бода, a титулата освоена минатата година ја брани Литекс Ловеч.