Корисничко име Лозинка Пријави се
02.10.2014

Анчелоти: Имаме проблеми со прекините

Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека неговиот тим мора да работи на одбраната од прекините во продолжението на сезоната.

Реал го победи Лудогорец со 2-1 во Бугарија, иако домашниот тим имаше неколку големи шанси од прекини, а гостинот израмни со лесно досудениот пенал на Роналдо.
„Имавме многу шанси. Задоволен сум, почетокот не беше добар, повторно по корнер примивме гол. Но реакцијата беше добра. Мораме да работиме на проблемот што го имаме со прекините“, изјави Анчелоти.
„Таков гол примивме против Атлетико Мадрид и од Реал Сосиедад. Мора да има подобро покривање на првата статива“, додаде Италијанецот.
Тој изјави дека Роналдо не е сериозно повреден.
„Кристијано само го свитка глуждот, ништо страшно. Малку го боли, но не е сериозно“, изјави Анчелоти.


Најнови вести