Корисничко име Лозинка Пријави се
27.11.2014

Роџерс: Тешко е против Лудогорец

Брендан Роџерс, менаџерот на Ливерпул, е разочаран од ремито во Софија, но веќе се подготвува за дуелот со Базел, кој е клучен во борбата за осминафиналето на Лигата на шампионите.

Ливерпул на две минути пред крајот остана без победа против Лудогорец, кој се избори за 2-2 во петтото коло на Лигата на шампионите.
„Разговаравме пред натпреварот дека ова би требало да биде наша ноќ за промена на сезоната, дека мораме да покажеме карактер. Разочаран сум поради примениот гол, но тоа не е важно. Мораме да го победиме Базел“, изјави Роџерс.
Ливерпул уште во третата минута заостануваше, но успеа да направи пресврт на резултатот до полувремето.
„Покажавме одлична еластичност и постигнавме два гола. Избрав играчи за кои знам за што се способни. Со време новите фудбалери ќе се прилагодат на начинот на којшто работиме. Ова ќе ни ја поправи самодовербата бидејќи Лудогорец е многу тежок тим“, додаде Роџерс.
Ливерпул има два бода помалку од Базел, па мора да го победи во последното коло на „Енфилд роуд“.

Најнови вести