Корисничко име Лозинка Пријави се
31.10.2016

Тројца „топчии“ го пропуштаат Лудогорец

Тројца фудбалери на Арсенал не беа на последниот тренинг на екипата и најверојатно нема да патуваат во Бугарија.

Арсенал игра нов натпревар во Лигата на шампионите, противник е Лудогорец во Бугарија, а апсолутен фаворит е екипата од Англија, која во претходниот дуел меѓу овие два клуба славеше убедливо со 6-0.
Екипата на Арсен Венгер повторно ќе биде без неколку играчи во тимот.
Санти Касорла го пропушти и последниот тренинг, не играше на последните три натпревари и нема да биде меѓу патниците во Бугарија.
Покрај него, Начо Монреал исто така е оддалечен од теренот, и тој ги пропушти двата последни натпревари, а неговото место би требало да го заземе Киран Гибс.
Последните два натпревари ги пропушти и Тео Волкот, но тој беше на последниот тренинг каде што тренираше одделно од остатокот на екипата и најверојатно ниту тој нема да биде меѓу патниците на Балканот.

Најнови вести