Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2015

Лига на шампиони: Лудогорец во аут!

Бугарскиот шампион Лудогорец неочекувано е елиминиран од квалификациите за Лигата на шампионите.

Тимот од Разград по шокантниот пораз на домашен терен, изгуби од Милсами со 2-1 и на гостувањето во Молдавија.
Бугарите поведоа со погодокот на Вандерсон во 25-тата минута, а во следната веќе изедначи Андроник, а на една минута пред крајот резервниот Рачу ја искористи одличната контра на соиграчите и го постави конечниот резултат.
Лудогорец доминираше во Молдавија, имаше повеќе од 15 шутеви кон голот, а од 73-тата минута имаше и играч повеќе по исклучувањето на Којочари.
Но, не успеа да стигне до гол, па бугарскиот шампион експресно ја заврши сезоната во Европа.
Пред Милсами, во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите се пласираше норвешкиот Молде, кој беше поразен во Ерменија од Пјуник со 1-0, но овој дуел го заврши уште во првиот натпревар со 5-0 на свој терен.
Молде во третото коло ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Динамо и Фола Еш, а Луксембуржаните ги дочекуваат фудбалерите од Загреб по неочекуваниот резултат 1-1 на „Максимир“.
Од друга страна, Милсами ќе игра со албанскиот Скендербег, кој во двомечеот беше подобар од  Крусејдерс  од Северна Ирска.
До третото коло од квалификациите прв стигна српскиот шампион Партизан.

Лига на шампиони, второ коло од квалификациите (реванши):

Вардар – АПОЕЛ 1-1 (прв натпревар 0-0)
Линколн – Митјиланд 0-2 (0-1)
Макаби ТА – Хибернијанс 5-1 (1-2)
Жалгирис – Малме 0-1 (0-0)
Крусејдерс – Скендербег 3-2 (1-4)
ХЈК Хелсинки – Вентспилс 1-0 (3-1)
Дила Гори – Партизан 0-2 (0-1)
Пјуник – Молде 1-0 (0-5)
Милсами – Лудогорец 2-2 (0-1)

Најнови вести