Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2014

Лудогорец го отпушти Стоев

Фудбалскиот клуб Лудогорец објави дека го отпуштил тренерот Стојчо Стоев по ремито без голови со Партизан, во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

На клупата на шампионот на Бугарија Стоев ќе го замени Георги Дерменџиев, кој досега го водеше младиот тим на Лудогорец.
На интернет-страницата на Лудогорец стои дека договорно дошло до раскинување на соработката со Стоев.
„Стојче Стоев веќе не е тренер на Лудогорец, а водењето на тимот ќе го преземе Георги Дерменџиев, кој досега беше тренер на младиот тим на Лудогорец. Стоев и клубот пријателски се разделија. Причина за ваквата изненадувачка одлука е незадоволителната игра во последните натпревари, а на тимот сега му е потребна нова енергија“, пишува во соопштението на Лудогорец.
Од Лудогорец, на Стоев и на неговиот помошник Јавор Вулчинов им посакаа среќа во продолжението на кариерата и им се заблагодарија за нивниот придонес за клубот.
Реванш-натпреварот меѓу Партизан и Лудогорец се игра следната среда од 20.45 часот на стадионот во Хумска.

Најнови вести