Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2012

Стоичков тренер на Литекс

Бугарската фудбалска легенда Христо Стоичков е именуван за нов тренер на Литекс од Ловеч, пренесуваат бугарските медиуми.

Тој ќе го замени Атанас Џамбазки, кому му беше врачен отказ откако тимот кој две години по ред ја освојува титулата шампион на Бугарија, по првиот дел од првенството се наоѓа на седмата позиција, со единаесет бода помалку од лидерот Лудогорец.
Стоичков, кој своите ѕвездени моменти ги имаше во дресот на Барселона, на конференцијата за новинарите беше претставен од сопственикот на клубот Гриша Ганчев.
Пред Литекс, Стоичков беше на клупата на јужноафриканскиот Мемелоди санданс и на шпанскиот клуб Селта, а беше и селектор на својата земја.
Стоичков во 1994 година ја предводеше Бугарија до полуфиналето на Светското првенство во Америка, а воедно беше и најдобриот стрелец на турнирот. Таа година се закити и со титулата Златна топка за најдобар фудбалер во Европа.

Најнови вести