Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2011

Канатларовски го напушти Пловдив

Драган Канатларовски, тренерот на бугарскиот прволигаш Локомотив од Пловдив, поднесе оставка по серијата лоши резултати во првенството.

Нашиот некогашен репрезентативец и селектор беше последниот странски тренер во бугарскиот прволигашки фудбал, во кој се натпреваруваат 16 клубови.
Канатларовски (51) поднесе оставка по првенствениот пораз на Локомотив во неделата од Левски (3-2).
Локомотив Пловдив моментно го зазема шестото место на првенствената табела на Бугарија и има 11 бодови помалку од изненадувачкиот лидер, екипата на Лудогорец.
„Тешко е да се прифати оставката на тренерот, но вистина е дека резултатите оваа сезона не се задоволувачки“, изјави Константин Динев, сопственикот на Локомотив.
Екипата привремено ќе ја води Здравко Лазаров, досегашниот помошник на Канатларовски, сè додека не биде именуван новиот шеф на стручниот штаб.

Најнови вести