Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2014

Нови Пазар го отпушти Канатларовски

Драган Канатларовски, тренерот на Нови Пазар, доби отказ поради лошите резултати на екипата во последните две кола, соопшти генералниот секретар на српскиот прволигаш.

Одлуката за промена на Канатларовски ја донесол управниот одбор на клубот на итна седница.
Нови Пазар во минатото коло во гости изгуби со 3-2 од ОФК Београд, додека во саботата на свој терен беше поразен со 2-1 од Младост од Лучани.
Канатларовски на клупата на Нови Пазар дојде во јуни на местото на Зоран Његуш, а во текот на кариерата ги водеше Спартак до Суботица, Раднички од Крагуевац, Победа, Беласица, Вардар, Куманово, Локомотива од Пловдив и во два наврати беше селектор на Македонија.
Како фудбалер, три пати го носеше дресот на репрезентацијата на Југославија, а во 12 наврати беше член на најдобрата селекција на Македонија, за која постигна два погодоци.