Корисничко име Лозинка Пријави се
02.10.2013

Канатларовски нов тренер на Спартак Суботица

Нов тренер на фудбалскиот клуб Спартак од Суботица ќе биде Драган Канатларовски, известија српските медиуми.

Тренерот официјално ќе биде претставен денес во Градската куќа во Суботица. Македонецот на клупата на Спартак ќе го замени Петар Курќубиќ.
Канатларовски досега ги предводеше нашата репрезентација и клубовите Куманово, Раднички 1923, Локомотив од Пловдив и Вардар.
Спартак во неделата во Белград изгуби од Црвена ѕвезда со 5-0 во седмото коло од Суперлигата на Србија, а во шампионатот се наоѓа на 12-тото место на табелата со седум бодови.