Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Јуниорите 18-ти во Б дивизија

Минимален пораз во дуелот со Швајцарија во битката за 17 место на второкласното ЕП

Само 18. место во конкуренција на 24 тима, е крајниот пласман на јуниорската репрезентација на Македонија на Европското првенство Б дивизија кое се игра и завршува вечерва во Скопје. Во натпреварот за 17 место, нашите таленти до 18 години, во „Борис Трајковски“ загубија од Швајцарија со минимални 64:65. Ваљмир Какруки со 16 поени и 10 скока, беше најрасположен поединец во тимот на селекторот Панче Милевски. Двоцифрен број на поени имаше и Дамјан Миса, кој финишираше со 14 поени. Не настапија Андреј Јордановски и Славчо Темелковски, кои беа важни играчи до пред повредите. 
Швајцарците првата четвртина ја добија со 20-6, но нашите не се предаваа и во последната четвртина дојдоа на чекор од голем пресврт. Сепак во финишот, Швајцарците успеаја некако да ја задржат предноста и да дојдат до минимален триумф. 
Во А дивизија следната година ќе играат Словенија, Холандија, и подобриот од дуелот за трето место помеѓу Белгија и Естонија. 

 

Најнови вести