Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2016

Младата репрезентација на Македонија со голема победа во Украина

Младата репрезентација на Македонија извојува убедлива победа од 0-2 (0-1) против репрезентацијата на Украина во Киев.

Избраниците на селекторот Милевски потврдија дека поседуваат голем потенцијал, стигнувајќи и до 12 бодови во групата каде што лидерот Франција има само два бода повеќе.
Со одлично подготвената тактика  младите репрезентативци одговорија на најдобар можен начин, со една од најголемите победи во историјата на селекцијата до 21 година.
Натпреварот започна со иницијатива на домаќините, но до водство дојдовме уште во 17-тата минута со погодокот на Марјан Радески. По нашата предност Украинците ја засилија својата игра во офанзивата, но не го загрозија голот на македонската репрезентација. 
Во вториот дел од натпреварот одличната тактичка поставеност доведе до вториот погодок со кој преку Демири во 56-тата минута дојдовме до предноста од 0-2, а овој резултат остана до последниот свиреж на судијата.
Домаќините имаа можност во 73-тата минута да го намалат резултатот но извонредната одбрана на Алексовски им попречи во намерата. 
Оваа победа во овој седми натпревар од Квалификациите за ЕП 2017, нè носи чекор поблиску до првите две места во групата.
Следниот натпревар на младите репрезентативци на Македонија е закажан за 2-ри септември против репрезентацијата на Шкотска, а на 6-ти септември ќе ја пречекаме Северна Ирска.

Најнови вести