Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2016

Квалификации за ЛШ: Лудогорец ја елиминираше Црвена ѕвезда

Фудбалерите на бугарскиот шампион Лудогорец по продолженија ја победија Црвена ѕвезда, а фудбалерите на ирски Дандалк ја направија најголемата сензација во првите дуели од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Црвена ѕвезда преку Доналд  во 17-та минута го отвори резултатот, но бугарскиот претставник до крајот на првото полувреме направи пресврт со головите на Кафу во 24-та и Вандерсон во 40-та минута. Во 62-та минута српскиот првак преку Ибањес од белата точка го израмни резултатот, па мечот влезе во продолженија. Вандерсон со двата гола во 92-та и 97-та минута го комплетираше својот хет трик и го прати бугарскиот клуб во следното коло.
Дандалк го елиминираше повремениот учесник во групната фаза на Лигата на шампионите БАТЕ Борисов со победа на свој терен од 3-0. Херој на Ирците беше напаѓачот Дејвид Мекмилан кој два пати беше стрелец со што го надоместија минималниот пораз од Белорусија.
Историскиот триумф, само четврти во квалификациите за Лигата на шампионите го потврди Роби Бенсон во последната минута.
На Дандалк, кој постои 113 години, ова му беше јубилеен 50-ти натпревар во европските купови и само 11та победа. 
Во плејофот на квалификациите се пласираа и Викторија Плзењ, Динамо Загреб, АПОЕЛ и Лудогорец.
Црвена ѕвезда, Карабак, Розенборг и Динамо Тбилиси ќе играат во четвртото коло од квалификациите за Лигата на Европа, а ждрепката за двојките ќе се одржи во петок во Нион.

Лига на шампиони
Црвена ѕвезда - Лудогорец 2-4 (2-2)
Дандалк - БАТЕ Борисво 3-0 (0-1)
Карабак - Викторија Плзењ 1-1 (0-0)
АПОЕЛ - Розенборг 3-0 (1-2)
Динамо Тбилиси - Динамо Загреб 0-1 (0-2)

Најнови вести