22.7.2013 Лудогорец го смени тренерот
Неочекуваниот пораз на стартот на бугарскиот шампионат го чинеше работа тренерот на Лудогорец, Ивајло Петев.
Екипата во реваншот од второто коло на квалификациите за Лигата на шампионите против Слован ( првиот дел со пораз од 2-1) ќе ја предводи досегашниот асистент на Петев, Георги Дерменџиев.
Шампионот на Бугарија е поразен во саботата од дебитантот во Првата лига, Љубимец, со 1-0, што беше пресудно управата, која е незадоволна од игрите на Лудогорец во последните месеци, да го смени тренерот.
Подобриот од двомечот меѓу Лудогорец и Слован ќе му биде ривал на Партизан во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, секако, доколку „црно-белите“ го елиминираат ерменскиот Ширак (1-1).