Корисничко име Лозинка Пријави се
18.11.2014

Апсењa во Франција: Претседателите на Каен, Ним и Марсеј во притвор

Француската полиција го приведе Жан Франсоа Фортен, претседателот на прволигашот Каен, под сомнение дека наместил натпревар во втората лига.

Фортен е меѓу деветтемина приведени под сомнение дека го наместиле натпреварот меѓу Каен и Ним минатата сезона. Приведен е и Жан Марк Конрад, претседателот на Ним.
Натпреварот кое е под сомнение дека бил наместен е завршен со реми од 1-1 во мај оваа година, со резултат кој му овозможи на Ним да остане во Лига 2, додека Каен обезбеди пласман во елитната дивизија.
Венсан Лабрун, претседателот на францускиот прволигаш Марсеј, е притворен поради обвинение за нелегален трансфер на Андреј-Пјер Жињак во 2010 година.
Исто така, полицијата го приведе и Филип Перез, директорот на Марсеј.
Како што прнесува „Л’Екип“, полицијата го сослушува и поранешниот претседател на клубот Жан Клод Дасие.
Сегашниот и поранешниот челник на Марсеј ќе одговараат на обвинувањата за нелегални финансиски операции на клубот при трансферот на Жињак од Тулуз во Марсеј во 2010 година.

Најнови вести