Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2018

Финале на Лига купот – ПСЖ во борба за третиот трофеј во сезоната

Фудбалерите на ПСЖ се пласираа во финалето на Купот на Франција со победата од 3-1 на гостувањето кај Каен.

Најзаслужен за новото финале беше крилниот напаѓач Килијан Мбапе, кој ги постигна двата гола за „светците“ – прво во 25-тата минута им донесе предност на гостите, а во 81-вата ја врати предноста.
Во меѓувреме, Каен изедначи со погодокот на Диоманде во финишот на првиот дел од играта.
Конечниот резултат го постави Нкунку во последните моменти од средбата.
Екипата на Унаи Емери сега ќе има шанса да го освои третиот трофеј во оваа сезона, откако претходно ги обезбеди пехарите во Лига купот и во првенството на Франција.
Нема да има ниту претешка работа бидејќи во финалето ќе се сретне со најголемото изненадување на натпреварувањето, со екипата на третолигашот Лезербиер.
Финалето на програмата е на осми мај, на стадионот „Сен Дени“.

Најнови вести