Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Иванишевиќ е кандидат за влез во Куќата на славните

Гласањето почнува на 27-ми август, а кој влегува во тениската бесмртност, ќе се знае во јануари

Хрватот Горан Иванишевиќ е еден од осумте поранешни тенисери кои се кандидати за влез во тениската Куќа на славните наредната година. Славниот сплиќанец, кој во 2001 година како 125-торангиран тенисер на светската ранг-листа доби специјална покана и го освои Вимблдон, совладувајќи тројца тенисери кои биле најдобри на светот.

Претходно, тој освои и две бронзени медали на Олимписките игри во Барселона 1992 година, а ќе има силна конкуренција во изборот. 

Покрај Иванишевиќ, кандидати за влез во Куќата на славните се и Австриецот Томас Мустер, Швеѓанецот Јонас Бјоркман, Шпанецот Серхи Бругера и Русинот Евгениј Кафелников. Во женска конкуренција, кандидатки се Ли На од Кина, Кончита Мартинес од Шпанија и Мери Пирс од Франција. 

Во изборот, прво ќе учествуваат фановите со гласање кое почнува в понеделник и ќе трае шест недели (до седми октомври). Потоа ќе гласаат и новинари, а за некој да биде избран, ќе мора да добие 75 отсто од можните гласови. Резултатите од гласањето ќе бидат објавени во јануари 2019 година, за време на Отвореното првенство на Австралија, додека свеченоста е закажана за 20-ти јули во Њупорт. 

 

Најнови вести