Корисничко име Лозинка Пријави се
09.9.2013

Ето заврши со репрезентацијата

Напаѓачот на Челзи, Самуел Ето, одлучи да ја заврши репрезентативната кариера по 16 години поради конфликтот со селекторот Фолкер Финке.

Ето играше во победата над Либија од 1-0 која на Камерунците им го донесе првото место во квалификациската група и место во баражот за пласман на Светското првенство во Бразил 2014 година.
Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Мајорка, Барселона, Интер и Анжи им соопштил на соиграчите дека поради лични проблеми веќе нема да го носи дресот на „лавовите“, но некои медиуми шпекулираат дека дошол во судир со селекторот кој за клучниот меч со Либија не ги повикал голманот Карлос Камени и напаѓачот Пјер Веб.
Ето за репрезентацијата на Камерун одигра 114 натпревари, постигна 56 голови и трипати учествуваше на Светските првенства – 1998, 2002 и 2010 година.
Со Камерун го освои златниот олимписки медал на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, а два пати славеше и на Африканскиот куп на нации во 2000 и 2002 година.

Најнови вести