Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2013

ФИФА го суспендира Камерун

Меѓународната фудбалска федерација го суспендира Камерун на неодредено време поради мешање на владата на таа африканска земја во работата на Камерунската фудбалска федерација.

„Комисијата за итни прашања одлучи привремено да ја суспендира Камерунската фудбалска федерација поради мешање на владата на таа земја во фудбалот и оваа одлука стапува на сила веднаш“, стои во соопштението на ФИФА.
Оваа суспензија би можела да значи дека Камерун нема да го игра натпреварот од квалификациите за Мундијалот на шести септември против Либија.
Меѓународната фудбалска федерација вчера го казни Того поради административна грешка и победата во квалификациите за Мундијалот му ја даде на Камерун, со што најмногу е оштетена Либија, бидејќи го губи првото место во групата и шансите да се пласира на Светското првенство во 2014 година. Камерун со тоа незаслужено го зазеде првото место, но со новиот пресврт повторно се најде во незавидна положба.

Најнови вести