Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2017

Скок од 18 места на Македонија на ранг-листата на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија направи голем скок на најновата ранг-листа на ФИФА и сега се наоѓа на 85-тата позиција.

Македонија одигра реми 1-1 со Италија во Торино и во Струмица го победи Лихтенштајн со 4-0, што ѝ донесоа скок од 18 позиции. Ова е најдобар пласман на македонската репрезентација на ранг-листата на ФИФА од август 2014 година, кога се наоѓаше на 76-тото место.
Од репрезентациите коишто беа во квалификациската група за Светското првенство 2018 година во која што играше и нашата селекција, Шпанија се наоѓа на осмата позиција, Италија на 15-тата, Албанија доживеа пад за пет позиции и сега е 71-ва, а Израел е 82-ри, три позиции пред Македонија. Лихтенштајн се наоѓа на 187-мото место.
Меѓу десетте најдобри репрезентации, на чело на табелата се наоѓа Германија, а по неа следуваат: Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Франција, Шпанија, Чиле и Перу.

Најнови вести