Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2017

Атлетико ќе ја тужи Барселона поради Гриезман

Атлетико од Мадрид планира да ја тужи Барселона кај ФИФА бидејќи челниците на каталонскиот клуб самоволно стапиле во контакт со Антоан Гриезман и со неговото семејство.

Гилјермо Амор, директорот на Барселона, изјави дека застапниците на клубот разговарале со родителите и со сестрата на Гриезман околу можен трансфер, а во Атлетико тоа го гледаат како сериозно прекршување на правилата.
Поради тоа, од Атлетико одлучиле да се обратат до ФИФА и да ѝ испратат официјална жалба.
„Атлетико Мадрид ја осудува Барселона за повторното контактирање со Гриезман и со неговото опкружување. Гриезман има важечки договор со Атлетико, и тоа на долг период. Таквите потези може да ја нарушат конкуренцијата во Примера лигата“, соопшти Атлетико.
Барселона веќе имаше проблеми со ФИФА околу прекршувањето на правилата за трансфер на млади фудбалери и поради тоа беше суспендирана со забрана на доведување, што не му е туѓо ниту на „јорганџиите“, кои од истата причина не можеа да купуваат играчи минатото лето, а забраната им истекува на првиот ден од јануари.

Најнови вести