Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2017

Гери Роувет нов менаџер на Дерби каунти

Дерби каунти го именуваше неговиот поранешен играч Гери Роувет за нов менаџер, петти во последните 13 месеци.

Управата на Дерби пред два дена го отпушти Стив Мекларен поради лошите резултати.
„Овните“ се наоѓаат на десеттото место на Шампионат лигата и најверојатно нема да изборат место во плејофот за враќање во Премиер лигата.
Роувет играше за Дерби од 1995 до 1998 година, а екипата ќе ја предводи до крајот на сезоната 2018/19.
Тој во декември минатата година доби отказ во Бирмингам.