Корисничко име Лозинка Пријави се
01.10.2013

Мекларен нов тренер на Дерби каунти

Британскиот фудбалски тренер Стив Мекларен стана нов стратег на англискиот второлигаш Дерби каунти. Мекларен порано, прилично неуспешно, ја водеше англиската репрезентација.

Тој на таа должност го замени досегашниот тренер на Дерби, Најџел Клаф. Мекларен како играч го носеше дресот на овој англиски лигаш од 1985 до 1988 година.
Последна тренерска работа му беше таа во холандскиот Твенте, каде што работеше минатата сезона, а на почетокот на оваа беше во тренерскиот штаб на Хари Реднап во Квинс парк ренџерс.
Неговиот нов клуб Дерби каунти се наоѓа на 14-тото место на второлигашката табела.

Најнови вести