Корисничко име Лозинка Пријави се
10.6.2015

Њукасл го отпушти Карвер

Премиерлигашот Њукасл ги отпушти тренерот Џон Карвер и тренерот во стручниот штаб Стив Стоун, пренесуваат британските медиуми.

Карвер беше привремен тренер на Њукасл, а на клупата го замени Алан Пердју, кој отиде во Кристал палас.
Карвер екипата ја презеде во јануари, на 20 кола пред крајот на Премиер лигата, и оствари само три победи. „Црно-белите“ во последното коло од шампионатот изборија опстанок со победата од 2-0 над Вест хем.
Тој во мај, откако екипата освои девет од можните 48 бодови, изјави дека е најдобар тренер во Премиер лигата, а фудбалерот Мајк Вилијамсон го обвини дека намерно добил црвен картон во натпреварот против Лестер, кој Њукасл го изгуби со 0-3.
Британските медиуми шпекулираат дека најсериозен кандидат за нов тренер на Њукасл е Стив Мекларен, поранешниот тренер на Дерби и поранешен селектор на Англија.
Дерби на крајот на сезоната го отпушти Мекларен откако не успеа да ја одведе екипата до плејофот на Шампионат лигата.

Најнови вести