Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2016

Сисоко во Тотенхем за 35 милиони евра

Францускиот репрезентативец Муса Сисоко направи трансфер од Њукасл во Тотенхем за 35 милиони евра.

По повеќеседмичните шпекулации, расплетот во врска со одличниот играч за врска се случи во последните минути од преодниот рок.
Цел ден водеа битка Тотенхем и Евертон, преговараше со двата клуба, па на крајот Сисоко ги избра „петлите“, коишто ќе играат во Лигата на шампионите.
Англиските медиуми пишуваат дека „карамелите“ веќе ги подготвиле медицинските тестови, но Сисоко го игнорирал последниот повик на Роналд Куман и потпишал за Тотенхем.
Со тоа Маурисио Покетино го комплетира својот преоден рок со двајца одлични играчи за врска, откако претходно на „Вајт харт лејн“ стигна Виктор Ванјама, додека во нападот беше доведен Винсент Јансен.
Од друга страна, Евертон има ден за заборав, покрај Сисоко, Куман не успеа да ги доведе уште двајцата играчи што ги бараше, Јасин Брахими и Маноло Габијадини. Стигна само Енер Валенсија на заем од Вест хем.

Најнови вести