Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2013

Стив Мекларен повторно ја напушти клупата на Твенте

Стив Мекларен, поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Англија, ја напушти тренерската клупа на холандскиот клуб Твенте, по втор пат во кариерата.

Саботниот пораз од Херенвен во првенството беше капката која ја прели чашата, но не кај управата на клубот, туку кај Мекларен. Тој е оној кој поднесе неотповиклива оставка бидејќи, како што тврди, не чувствува поддршка од клубот.
„Поддршката од клубот, играчите, стручниот штаб и на тренерот му е многу важна. Но, јас тоа не го чувствував“, изјави Мекларен, кој смета дека клубот нема долгорочен план, па и тоа е, исто така, една од причините за неговото заминување.
Мекларен го одведе Твенте до титулата во Холандија во 2010 година, по што се упати во германската Бундеслига, каде што се обиде во водењето на Волфсбург – но безуспешно. Тој кратка четиримесечна авантура помина и во Нотингам форест, од каде што по вторпат во 2012 година се врати во Твенте.
Мекларен не оствари ниту една победа во 2013 година, а екипата ја остави на петтото место на првенствената табела, со шест бодови помалку од лидерот ПСВ.

Најнови вести