Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2015

Њукасл доведе нов Французин

Флоријан Товен, досегашниот фудбалер на Марсеј, потпиша петгодишен договор со Њукасл, соопшти англискиот клуб.

Дваесет и двегодишниот Товен ги помина лекарските прегледи и на „Сент Џејмс парк“ ќе остане до 2002 година. Њукасл не ги наведе финансиските детали на договорот.
Во склоп на трансферот, Реми Кабела, фудбалерот на Њукасл, оваа сезона ќе отиде на заем во Марсеј, а следното лето ќе стане нов фудбалер на францускиот клуб.
Товен е петто засилување на Њукалс во летниот преоден рок, по Александар Митровиќ, Жоржињо Вејналдум, Шансел Мбемба и Иван Тонеј.
Стив Мекларен, тренерот на Њукасл, во јуни го презеде клубот и тогаш сопственикот Мајк Ешли му вети дека ќе вложи во доведување нови играчи, бидејќи „црно-белите“ минатата сезона едвај избегнаа испаѓање во втората англиска лига.
Њукасл сезоната ја почна со реми од 2-2 со Саутхемптон, но минатиот викенд изгуби од Свонси со 2-0.

Најнови вести