Корисничко име Лозинка Пријави се
18.2.2016

Митровиќ го повреди коленото, ќе паузира неколку седмици

Напаѓачот на Њукасл Александар Митровиќ ги повреди лигаментите на коленото па ќе паузира неколку седмици.

„Го повреди коленото. Има проблеми со лигаментите, ќе паузира неколку седмици, а се надеваме дека нема да биде премногу“, изјави менаџерот на Њукасл, Стив Мекларен.
Викендов во Англија на програмата е закажан ФА Купот, а следниот е финалето на Лига купот, па „чавките“ ќе имаат двонеделна пауза која ќе ја искористат за мини – припреми во Шпанија и пријателскиот натпревар со норвешкиот Лилестром.
Њукасл следниот натпревар ќе го игра дури на 2-ри март кога му гостува на Стоук, а потоа го очекува дуелот со Борнмут, Лестер и Сандерленд до крајот на следниот месец.
„Чавките“ се наоѓаат во зоната за испаѓање, се наоѓаат на 18-тото место на табелата со 24 бодови од 26 натпревари, а Митровиќ е вториот стрелец во тимот заедно со Ајозе Перез со по пет голови. 

Најнови вести