Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2012

Три седмици пауза за Де Јонг

Лук де Јонг, напаѓачот на Твенте, се повреди на натпреварот со Де Графшап и ќе биде надвор од терените најмалку три седмици.

Дваесет и едногодишниот Холанѓанец го напушти теренот поради повреда на зглобот на ногата, а првите стравувања беа дека се работи за фрактура и дека за него сезоната е завршена.
Сепак, последните наоди потврдија дека повремениот репрезентативец има мало истегнување и дека би можело да биде во тимот за дерби-натпреварот против АЗ Алкмар, кој ќе се игра на 11-ти април.
„Кога се работи за ваква повреда, многу е важно тој да биде околу десетина дена во мирување пред да почне со тренинзите. Ако сè биде во најдобар ред, тој сигурно ќе биде во првиот состав за мечот со АЗ Алкмар“, изјави Стив Мекларен.
Твенте овој викенд игра дома против Рода, а во потрага по трите бода во нападот друштво на Глинор Плет ќе му прави младиот Џошуа Џон.

Најнови вести