Корисничко име Лозинка Пријави се
20.4.2015

ПСВ шампион по седум години

Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија шампионската титула на Холандија по седум години пост.

ПСВ до првата круна од 2008 година, а 22-ра во историјата, стигна на импресивен начин, бидејќи на три кола пред крајот на сезоната има дури 14 бодови повеќе од најголемиот ривал Ајакс.
Клубот од Ајндховен титулата ја завери со победата од 4-1 над Херенвен во 31-вото коло на Ередивизие. Стрелци беа: Лук де Јонг два пати, Мемфис Депај и Лусијано Нарсинг.
Судејќи според сè, Ајакс ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, бидејќи на четири натпревари пред крајот, има осум бодови повеќе од Феенорд, кој ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа.
Витесе, АЗ Алкмар, Херенвен и Цволе ќе играат во плејофот за второто место кое води во квалификациите за Лигата на Европа.
Во финишот на првенството преостанува борбата за опстанок, Екселсиор има четири, а Херкалес само еден бод повеќе од НАЦ Бреда, која е прва под линијата, отпаѓа и Гоу ахед иглс, додека одамна без шанси остана Дордрехт.

Најнови вести