Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2015

Манчестер јунајтед се договорил со Депај

Мемфис Депај, напаѓачот на ПСВ Ајндховен, летово ќе направи трансфер во Манчестер јунајтед, пишуваат холандските медиуми.

Како што се наведува, на неговите соиграчи им било кажано дека Депај налето се сели на Островот, по што му честитале на 21-годишниот крилен напаѓач.
Трансферот ќе изнесува 30 милиони евра, па ПСВ добро ќе ја наплати фантастичната сезона на Депај – тој оваа сезона постигна 27 голови во сите натпреварувања, а потенцијалот го покажа уште минатото лето на Светското првенство.
За Депај беа заинтересирани и Ливерпул и Тотенхем, но пресудно за изборот на Холанѓанецот било влијанието на поранешниот холандски селектор Ван Хал.

Најнови вести