04.5.2013 Филип Ѓуричиќ од лето во Бенфика
Српскиот фудбалер Филип Ѓуричиќ од следната сезона ќе биде фудбалер на португалска Бенфика, потврди неговиот сегашен клуб Херенвен.
За дваесет и едногодишниот офанзивен играч за врска беа заинтересирани Ајакс и Твенте, но на крајот за неговиот потпис се избори португалскиот гигант. Колкава отштета ќе добие Херенвен и детали од договорот на Ѓуричиќ засега не се соопштени.
Младиот српски репрезентативец во Херенвен дојде во јануари 2010 година од Раднички Обреновац, а сезонава во холандското првенство постигна седум голови и исто толку пати асистираше. За српската репрезентација има 11 настапи и постигна четири голови.
„Добро е за Херенвен што Ѓуричиќ оди во голем европски клуб. Како љубители на фудбалот жалиме поради неговото заминување, но Филип е подготвен за следниот чекор во кариерата и му посакуваме сè најдобро“, изјави спортскиот директор на холандскиот клуб Јохан Хансма.