Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2014

Кабаје заминува, Де Јонг доаѓа во Њукасл

Јохан Кабаје сепак ќе го напушти Њукасл и ќе направи трансфер во ПСЖ, додека на „Сент Џејмс парк“ ќе стигне Лук де Јонг.

„Чавките“ се согласија да го продадат Кабаје на ПСЖ за 20 милиони фунти, додека на медицинските тестови стигна напаѓачот од Менхенгладбах.
Нема сомнение дека евентуалното одење на Кабаје ќе биде жесток удар за Њукасл, бидејќи „чавките“ без него во тимот добија само четири од 19 натпревари во Премиер лигата од август 2011, а имаа 12 порази.
Дваесет и седумгодишниот Кабаје од 2011 година за Њукасл одигра 79 натпревари и постигна 17 голови, додека боите на репрезентацијата на Франција од 2010 ги бранеше на 26 натпревари и постигна два погодоци.
Де Јонг минатата сезона стигна во Менхенгладбах и на 31 натпревар постигна осум голови, со што ги разочара Германците кои за него платија 15 милиони евра на Твенте.
Холанѓанецот има 23 години, седум пати играше за „портокаловите“, а Њукасл го сакаше уште додека играше во својата татковина.
Њукасл моментно се наоѓа на осмото место во Премиер лигата со 36 бодови, седум помалку од позицијата која води во квалификациите за Лигата на шампионите.

Најнови вести