Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2012

Ван Бастен го презема Херенвен

Марко ван Бастен, поранешниот репрезентативец и селектор на Холандија, од наредната сезона ќе биде тренер на Херенвен, соопштија од клубот, а како што се наведува, договор е потпишан на две години.

Ван Бастен по една година работење во подмладокот на Ајакс, стана селектор на Холандија, која ја предводеше од 2004 до 2008 година. Во сезоната 2008/09 четириесет и седумгодишниот тренер работеше и во Ајакс, за кого претходно играше пет години. Како фудбалер се истакна во дресот на Милан, од 1987 до 1995 година, кога поради повреда мораше предвреме да ја заврши кариерата.
Тој на клупата на Херенвен ќе го замени сегашниот стратег Рон Јанс, на кого идното лето му истекува договорот, а управата не изрази желба да му биде продолжен. Херенвен во моментов се наоѓа на третото место на табелата, со пет бода помалку од водечкиот тандем ПСВ, АЗ Алкмар.

Најнови вести