Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2012

Лук де Јонг во Менхенгладбах до 2017 година

Младиот холандски фудбалер Лук де Јонг и официјално стана член на германскиот бундеслигаш Борусија од Менхенгладбах.

Тренерот Луцијан Февр копнееше за квалитетен напаѓач по заминувањето на Марко Ројс во редовите на актуелниот шампион Борусија Дортмунд, а се чини дека го доби во ликот на 21-годишниот Де Јонг.

Холанѓанецот стигна од Твенте за 15 милиони евра, а потпиша петгодишен договор кој истекува на 30-ти јуни 2017 година.

„Многу сме задоволни што успеавме да го реализираме овој трансфер и тоа што Де Јонг ќе ни се придружи на патот во тренинг-кампот овој петок“, рече Макс Еберл, спортскиот директор на Менхенгладбах.

Де Јонг произлегува од младинската школа на Де Графшап, од која во 2009 година премина во редовите на Твенте. Низ трите години Де Јонг стана клучна фигура на екипата, притоа постигнувајќи 39 погодоци во 75 лигашки настапи. Пред две години го предводеше Твенте до шампионската титула, додека следната сезона клубот ја заврши на второто место.

Минатата сезона Твенте заврши на разочарувачкото шесто место на првенствената табела.

Најнови вести