Корисничко име Лозинка Пријави се
02.6.2012

Волфсбург се засили со најдобриот стрелец од Холандија

Бас Дост, досегашниот член на Херенвен, е новото засилување за германскиот Волфсбург.

Дваесет и тригодишниот холандски напаѓач минатата сезона беше стрелец на триесет и два гола во националниот шампионат.
Од Волфсбург сè уште немаат објавено колкав е износот на оштетата што му е исплатена на холандскиот клуб за овој фудбалер, а Дост се обврзал на петгодишен договор.
Пред Херенвен, Дост во својата кариера ги носеше дресовите на Емен и на Хераклес, а „волците“ за потписот на поранешниот младински репрезентативец на Холандија успеаја да ги победат Вест хем, Астон вила и Евертон.

Најнови вести